Среда, 19.11.2008
Дневната рутина на сомалиските пирати овој пат им стапна на "жуљ" на властите во Саудиска Арабија: Сомалијците им здиплија танкер полн со товар вреден 100 милиони долари. Саудијците го осудуваат чинот како "надвор од умот". За кого како, нели?

Taнкерот МV Sirius Star од саботата кога бил превземен од страна на пиратите во близина на Кенија, се наоѓа на сомалиското пристаниште Ејл, едно од главните пиратски прибежишта на брегот на оваа Африканска земја.
Во првата саудиска реакција после нападот на нивниот брод, Принцот Сауд Ал-Фаисал изјави дека пиратството е комплексен проблем и бара интернационална организираност како би се спречил. Според него, пиратите се еднакви на терористи, и како такви мора да бидат спречени во своите намери.
Нема потреба да се додава дека после овој напад, Саудиска Арабија се придружи на меѓународната флота која ќе се бори со овие модерни пирати, кои досега иницираа реакција на поморските сили на САД, Италија, Германија, Грција, Турција, Британија, Русија, а се очекува вклучување и на Индија и Јужна Кореја.
Ашколсун, храбри срца пиратски - го обединивте светот.