Силен земјотрес со интезитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала во текот на ноќта ја погоди Панама, соопшти утрово американскиот Геолошки институт.
Засега нема извештаи за евентуални жртви или причинета материјална штета.
Епицентарот на потресот бил 56 километри југозападно од градот Дејвид, на длабочина од 50 километри.