Петок, 14.11.2008
Најпопуларниот оперативен систем на светот годинава слави 25 години постоење. Овој ОС се појави во далечната 1983 година и неговата премиерна верзија 1.0 тогаш и била тотално непозната на јавноста.
Windows 1.0 на пазарот бил многу кратко време и имал многу мала практична употреба, но го обележал почетокот на доминацијата на оперативниот систем на Microsoft.
Поради проблеми со лансирањето, излегувањето било одложено две години по неговото претставување и почетното прилагодување на корисниците кон овој оперативен систем било споро, но како што во денешно време гледаме - и тоа како успешно.
Microsoft моментално работи на седмата верзија на Windows, која би требало да се појави кон крајот на наредната година, и која ќе има едноставно, но не баш иновативно име - Windows 7.